резервен | прид.
Помошен, што се чува како резерва и се употребува само во случај на неопходност. Резервен фонд. Резервна гума. Резервни чорапи. Резервно палто. Резервно пакување шеќер.
резервира | св. и несв.
Осигури, осигурува некое право однапред. Тој резервира два авионски билета. Таа резервира маса. Резервира термин за масажа.
резервиран | прид.
Што се чува за да се употреби подоцна. Резервиран билет. Резервирана маса. Резервирана канта сирење.
резервист | м.
Лице што спаѓа во резервен состав на војска. Млади резервисти.
резервоар | м.
Голем сад или заградено место, сместилиште на течности или на гасови. Резервоар за вода. Резервоар за нафта. Резервоари со плин.
резец 1 | м.
резец 2 | м.
Преден заб кај човек или кај животно. Овцата има четири пара ресци.
резигнантен | прид.
Безволен. рамнодушен, помирувачки. Резигнантна насмевка. Резигнантно однесување.
резигнација | ж.
Помирување со состојбата, потиштеност, рамнодушност кон случувањата, кон околината. Беше обземен од некоја долготрајна резигнација. Полн со резигнација кон животот.
резигнира | св. и несв.
Предаде, предава на судбината, се помири, се помирува со нешто.