резонантен | прид.
Што се однесува на резонанција. Резонантна кутија.
резонанца | ж.
резонанција | ж.
(физ.) Својство на телата да затреперат или да го зголемат треперењето во непосредна близина на друго тело што трепери. Механичката резонанција може да ја набљудуваме кај нишалото.
резонатор | м.
(физ.) Тело или направа што ги засилува треперањата преку резонанција. Звучен резонатор.
резонер | м.
(разг.) Лице што сака да води долги, филозофски разговори и преку нив да поучува. Добар и неуморен резонер.
резонерство | ср.
Склоност кон резонирање. Неговото резонерство беше непотребно. Обично резонерство.
резонира 1 | несв.
Трепери, одекнува на иста фреквенција, е во созвучност.
резонира 2 | несв.
Размислува, расудува, заклучува. Тој резонира како некој што доживеал многу во животот. Таа добро резонира. Тие резонираат поинаку.
резонски | прид.
Разумен, прифатлив, промислен. Резонски одговор. Резонски совет.
резултанта | ж.
Сила, величина што се добива како збир со спојување на две или повеќе управувани сили, величини или вектори.