резултат | м.

Конечен, краен произлез, последен заклучок, крајно решение што се добива по долго истражување; работа на нешто. Оваа книга е резултат на неколкугодишно истражување. Нема резултати од нивната работа. Резултати од тестирањето.

резултатив | м.

Начин на изразување видска опозиција кај дејствата, кај глаголите; категорија на глаголот. Посесивен резултатив. Девербативен резултатив.

резултативен | прид.

Што се однесува на резултатив. Резултативен аорист. Употреба на перфектот со резултативно значење. Резултативен вид.

резултира | св. и несв.

Настане, настанува; се јави, се јавува како последица, како резултат од нешто. Забраните не резултираа повлекување од почетниот план. Болеста резултира од мала настинка до сериозни проблеми.

реизбира | св. и несв.

реим | м.

Хипотека, залог, гаранција. Сарајот го дал под реим. Целиот имот го дал под реим.

реинкарнација | ж.

Верување во некои религии дека постои преродување, повторно раѓање, пренесување на човечката душа по смртта во друго тело.

реинкарнира се | св. и несв.

Доживее, доживува реинкарнација. Неговата душа се реинкарнира и завлегува во повисок стадиум на развој.

реинтеграција | ж.

Враќање во првобитна, поранешна состојба; поврат на одземени права, звања или добра; повторно спојување на нешто што било одделено. Реинтеграција на државјанство и на имот.