реинтерпретација | ж.
Повторна интерпретација. Реинтерпретација на текст. Реинтерпретација на песна. Реинтерпретација на театарска претстава.
реис | м.
(арх.) Заповедник, капетан на брод.
реис-ул-улема | м.
Титула со која се означува врховниот старешина (поглавар) на исламската верска заедница.
река | ж.
Голем воден тек, протечна вода, поголем и подолг од поток. Голема река. Најдолгата река. Широка река. Реката надојде и поплави сè.
Река | ж.
Област во Македонија.
рекапитулар | м.
рекапитулација | ж.
Повторување, потсетување за некои настани, делови од нешто прочитано или кажано по хронолошки ред, преиспитување и кратко потсетување. Рекапитулација на настаните. Рекапитулација на претходните поглавја.
рекапитулира | св. и несв.
Повтори, повторува нешто накусо; се потсети, се потсетува преку концизен преглед. Очекуваме од неа да го рекапитулира целото патување. Остана само да го рекапитулира материјалот пред испит.
реквием | м.
Музичко дело, во католичката црква се изведува за покој на душата при божјата служба. Моцартов реквием.
реквизира | св. и несв.