релјефен | прид.
Што се однесува на релјефот на земјиштето; релјеф Релјефни карти на овој регион. Релјефни предели.
рема | ж.
Новото во исказот што е поврзано со темата (старото) и веќе кажаното.
ремарка | ж.
Во драмските текстови ‒ белешка, појаснување од авторот наменето за актерите, за сценските толкувачи. Некој ги избришал ремарките на авторот. Ремарките се пишувани на дијалект.
ремек-дело | ср.
Врвно уметничко дело, мајсторско дело, совршено дело со голема вредност. Ремек-дела собрани во Лувр.
ремен | м.
Цврста лента од кожа или од некој друг материјал со различни намени, обично служи за пристегнување на облеката кон телото. Кожен ремен. Убав ремен. Црн ремен на сиви панталони. Ремен со златна тока.
ременик | м.
ременче | ср.
Дем. од ремен; ремен 2. Мало, тесно каивче како дел од облека, обувки, рачен часовник и сл. Сандали со златно ременче. Ременчиња на грбот што го поврзуваат фустанот. Златно ременче на часовникот.
реми 1 | ср.
Нерешен резултат во шах или во некоја друга игра. Се договорија на реми. Понуди реми.
реми 2 | ср.
Вид игра со карти.
ремизира | св. и несв.
Во шахот или во некоја друга игра ‒ заврши, завршува нерешено, со реми, без победник. Тие ремизираа.