релеен | прид.
Што се однесува на релеј. Релејна радиостаница.
релеј | м.
(елек.) Автоматски уред што ги извршува приклучоците и прекините во електричните водови. Електромагнетен релеј. Херметички затворени релеи.
рели | ср.
Спортски натпревар во долго возење со моторни возила (автомобили, мотори и сл.) низ населени и ненаселени места што се води и се оценува по определени правила. Стартуваше релито Париз ‒ Дакар. Тој настапи на неколку релија.
религиозен | прид.
Што се однесува на религија. Религиозни предрасуди. Религиозна музика. Религиозно значење. Религиозни книги. Религиозни песни. Религиозен празник.
религија | ж.
Облик на општествена свест преку систем од верувања и сфаќања насочен кон толкување на природата и сè што е земско како волја и активност на замислени натприродни сили. Христијанска религија. Протестантска религија. Источни религии.
реликвија | ж.
Предмет поврзан со некое верување со чудотворна сила, со магиска моќ, кон кој се прави религиозна почит. Во џебот си носеше бакарна реликвија. Ковчеже за реликвии.
реликт | м.
Нешто што е зачувано од минатото како посебна вредност и реткост, раритет. Историски ортографски реликт. Лексички реликт.
реликтен | прид.
Што се однесува на реликт или што претставува реликт. Реликтна симболика. Реликтна изложба.
релса | м.
Шина. Се движи по релсите.
релјеф | м.
(геогр.) Претставување на различните нерамнини на земјината површина. Ридски, претпланински и планински релјеф. Релјеф на земјата.