ремилитаризација | ж.
Повторна милитаризација, повторно вооружување на војска, територија и сл. којашто била разоружана претходно; повторно подготвување и оспособување за воени дејства.
ремилитаризира | св. и несв.
Повторно вооружи, вооружува; подготви, подготвува за војна, воведувајќи воен режим.
реминисцентен | прид.
Нејасен, заматен, замаглен, без добра претстава за нешто во минатото, само одблесок од минатото. Реминисцентна состојба. Реминисцентна епизода од животот.
реминисценција | ж.
Нејасност, замагленост, сеќавање само во делови. Филозофски реминисценции. Потресна реминисценција.
ремник | м.
ремонт | м.
Поправка, подновување, отстранување дефект на возило, објект, опрема и сл. Генерален ремонт. Ремонт на главната печка.
ремонтен | прид.
Што се однесува на ремонт. Ремонтен план. Ремонтни работници. Ремонтна работа.
ремонтира | св. и несв.
Изврши, врши ремонт; одново монтира. Тој го ремонтира возилото со оригинални делови.
ремонтиран | прид.
Што е обновен, поправен. Ремонтиран мост. Ремонтирано возило.
реморкер | м.
Брод за влечење други бродови, што ги насочува големите бродови да влезат во пристаништето.