ремотивација | ж.

Повторна мотивација.

ремче | ср.

Ново ремче за часовникот.

рен | м.

Повеќегодишно растение со дебел цилиндричен месест корен, познат како лут корен што се користи во исхраната како зачинска билка; Armoracia lapathifolia. Ливадски рен. Јапонски рен.

ренда | несв.

рендген | м.

Апарат за преглед (снимање) на телото со помош на рендгенски зраци. Во болницата донесоа нов рендген.

рендгенов | прид.

Што се однесува на рендген; Рендгенов апарат.

рендгенограм | м.

Снимка добиена со рендген; рендгенска снимка. Рендгенограм на главата.

рендгенографија | ж.

Снимање на внатрешните органи на телото со помош на рендгенски зраци.

рендгенолог | м.

Стручно лице, специјалист по рендгенологија.

рендгенологија | ж.

Наука што се занимава со рендгенските зраци и нивната примена.