рендгеноскопија | ж.
Преглед на внатрешни органи на телото со помош на рендгенов апарат.
рендгенотерапија | ж.
Лекување, терапија на организмот или на делови на телото со рендгенски зраци.
ренде | ср.
Дрводелска алатка, струг. Рендиња од челик за дрво и за метал.
рендоса | св.
Струже со ренде материјали од дрво и од метал и прехранбени продукти. Тој ја рендоса штицата. Таа ги рендаса морковите и јаболката.
ренегат | м.
Тој што ги напуштил своите политички убедувања и преминал на противничката страна; отпадник, отстапник. Еден бесрамен ренегат.
ренегатски | прид.
Што се однесува на ренегат и на ренегатство. Ренегатски живот. Ренегатска политика. Ренегатска група.
ренегатство | ср.
Отпадништво, предавство; состојба и постапка на ренегат. Тој беше обвинет за ренегатство.
ренесанс | ж.
ренесанса | ж.
(истор.) Епоха во средината на XIV до почетоците на XVI век, првенствено во Италија, обележана како општо преобразување и преродба во сите сфери, голема преродба на европската култура, наука и уметност по инспирација и по углед на античкото културно наследство. Европска ренесанса. Во времето на ренесансата се создадоа врвни дела од сите области.
ренесансен | прид.
Што се однесува на ренесанса, што припаѓа на ренесанса, што е својствен на ренесанса. Ренесансно творештво. Ренесансен писател. Ренесансни дела. Ренесансен период.