рентиертство | ср.
Дејност на рентиер. Рентиерството се разви во капиталистичкиот свет.
рентира се | несв.
Се исплаќа, се издава под наем, под рента и носи добивка. Оваа работа добро се рентира.
рентиран | прид.
Што се дава под наем, под рента. Рентирани апартмани. Рентиран автомобил.
ренѕа | несв.
Цимоли, плаче, кенка. Цел ден само ренѕа.
ренѕало | ср.
Тој што постојано, често ренѕа; плачливко.
реон | м.
Дел од географска површина (месност, зона, регион, област) што се карактеризира по некои свои особености. Индустриски реон. Земјоделски реон. Лозарски реон. Западен реон.
реонизација | ж.
Поделба на реони. Нова реонизација на градовите. Реонизација според расите на ловиштето.
реонира | св. и несв.
Раздели, разделува на реони. Управата го реонираше градот.
реорганизатор | м.
Тој што спроведува, што врши реорганизација.
реорганизациски | прид.
Што се однесува на реорганизатор и на реорганизација. Реорганизациски план.