реорганизација | ж.
Преуредување, повторна организација, преустројство. Реорганизација на партијата. Реорганизација на синдикалните организации. Реорганизација на распоредот.
реорганизира | св. и несв.
Преуреди, преуредува; промени, променува; преустрои, преустројува со повторна организација; изврши, извршува, спроведе, спроведува реорганизација. Тој ја реорганизираше групата. Таа го реорганизираше планот.
реосигури | св.
Повторно осигури,; двојно осигури, заради подобра сигурност и за поголема отштета; Тој го осигури и го реосигури имотот во две осигурителни компании. Таа ја реосигури куќата.
реостат | м.
Апарат за регулирање на електричната струја, отпорник.
репа | ж.
Вид трупка, репка, коренест зеленчук што се употребува во исхраната и во индустријата; Raphanus sativus var major. Шеќерна репа. Добиточна репа.
репаратор | м.
Специјалист за репарација, лице што врши репарација.
репарационен | прид.
Што се однесува на репарација. Репарациони обврски. Репарациона комисија.
репарација | ж.
Воена отштета, надомест за нанесена штета во војна што ѝ ја исплаќа победената на победничката страна. Германија плаќаше репарација по Првата светска војна.
репарира | св. и несв.
Поправи, поправа, повторно доведе, доведува во некаков ред. Работниците го репарираа левото крило од музејот.
репатрира | св. и несв.
Изврши, извршува репатријација, врати некого во сопствената татковина. Тие ги репатрираа бегалците.