репрезентира | св. и несв.

Претстави, претставува; настапи, настапува во својство на претставник, на репрезентација. Тие ја репрезентираат фирмата во странство. Девојките ја репрезентираа новата пролетна колекција. Тие го репрезентираат македонскиот спорт. Тој репрезентира добар тренинг.

репресалии | и.

Притисоци, одговор на една држава на сила со сила; присилни мерки. Жестоки репресалии. Бран од репресалии.

репресивен | прид.

Што се однесува на репресија, што се јавува преку репресалии. Репресивна политика. Репресивни постапки.

репресира | св. и несв.

Изврши, врши притисок, примени, применува казнени мерки, спроведе, спроведува репресија и репресалии врз некого. Властите ги репресираа бунтовниците.

репресија | ж.

Казнена мерка, средство за присила, за притисок. Репресија врз оние што учествуваа во протестите. Органи на репресија.

реприза | ж.

а) Прва претстава по праизведбата. Репризата се одвиваше наредната вечер. Реприза на приредбата. б) Секоја изведба по првата. Репризите се во сабота. Репризата на филмот ќе биде утре на програма.

репризен | прид.

Што се однесува на реприза. Репризен термин. Репризни серии.

репризира | св. и несв.

Изврши, врши, даде, дава реприза. Театарот ќе ја репризира претставата во недела.

репринт | м.

Повторно печатење, препечатување, репродукција на книга, печатено дело без промени во однос на првото издание. Репринт на Зборникот на Миладиновци.

репрограмира | св. и несв.

Преуреди, преуредува програма, изврши, врши повторно програмирање целосно или делумно. Тој го репрограмира настанот.