репродуктивен | прид.

Што се однесува на репродукција. Репродуктивни дела. Репродуктивна уметност. Репродуктивна функција. Репродуктивен период.

репродуктивец | м.

Тој што работи на репродукција, репродуктивен уметник.

репродукува | св. и несв.

репродукционен | прид.

Што се однесува на репродукција, што е предмет на репродукција. Репродукционен период. Репродукциона постапка.

репродукција | ж.

(екон.) Повторно производство како процес на непрекинато производство. Репродукцијата на делови за автомобили се одвива според рокот.

репродуцент | м.

Тој што репродуцира, што произведува повторно. Тие се репродуценти во неговиот погон.

репродуцира | св. и несв.

Направи, прави репродукција (копија) на цртежи, слики, снимки и сл. Музејот ги репродуцира теракотните икони.

репродуциран | прид.

Глаголска придавка од репродуцира.

репроматеријал | м.

Материјал што се употребува за репродукција; суровини, полупреработки што треба да се доработат за да се добие финален производ. Фабрика за материјали и за репроматеријали.

рептил | м.

(зоол.) Влекач, влечуга (крокодил, гуштер, змија и сл.). Во Австралија има различни видови рептили. Јајца од рептили.