републикански | прид.

Што се однесува на републиканец и на приврзаниците на такво уредување. Републиканска партија. Републикански делегат. Републикански дух.

републички | прид.

Што се однесува на република или што опфаќа дејност во рамките на републиката. Републички завод. Републички натпревар. Републички средби.

репунца | ж.

Отпечаток, жиг со кој се обележуваат предмети од благородни метали (злато, сребро и сл.).

репутација | ж.

Углед, реноме, изградено мислење во јавноста за некого или за нешто. Добра репутација. Лоша репутација. Лажна репутација. Репутација на експерт во својата област.

рерна | ж.

Дел од шпорет во кој се пече, се приготвува печена храна (леб, месо и сл.). Загреана рерна. Рерна со воздушен систем.

реса | ж.

(бот.) Цут кај некои растенија. Врбова реса. Цутот на виновата лоза се собира во реси.

ресав | прид.

Што е со реси; Ресав шал. Ресави пердиња.

ресачка | ж.

Вид машка горна облека. Нова ресачка за прошетки по селото.

ресен | прид.

Ресен | м.

Град во Макеоднија.