рескира | св. и несв.
реско | прил.
Остро, отсечно, грубо; Одговори реско. Тој реско ги разграничува овие две појави.
рескост | ж.
Острина, грубост, силина, отсечност. Во неговиот став имаше нескриена рескост.
ресне | св.
ресор | м.
Дејност на државна извршна власт во определена област (економија, земјоделство, финансии, култура, образование и др.) раководена од министер; министерство. Тој го води ресорот за внатрешни работи. Во неговиот ресор е редовноста на вработените. Подготвувањето на прослававата е во негов ресор. Дејност без ресор.
ресорбира | св. и несв.
Впие, впива, прими, прима некаква течност. Сунѓерот ја ресорбира течноста.
ресорен | прид.
Што се однесува, што припаѓа на определен ресор. Ресорни министерства. Ресорен оддел.
ресорпција | ж.
Впивање, примање, вцицување течност. Ресорпција на течности. Ресорпција на хранливи материи.
ресоцијализација | ж.
Повторно вклучување, враќање на лице во социјална средина по долго отсуство и живеење во некаква изолирана средина.
респект | м.
Почит, уважување, углед. Длабок респект. Голем респект. Посебен респект.