република | ж.
(само едн.) Форма на државно уредување во кое власта се избира од народот на определено време. Социјалистичка република. Демократска република.
Република Зелен ’Рт | ж.
Островска држава во Атлантскиот Океан, во близина на Африка.
републиканец | м.
Приврзаник на републиканско уредување.
републикански | прид.
Што се однесува на републиканец и на приврзаниците на такво уредување. Републиканска партија. Републикански делегат. Републикански дух.
републички | прид.
Што се однесува на република или што опфаќа дејност во рамките на републиката. Републички завод. Републички натпревар. Републички средби.
репунца | ж.
Отпечаток, жиг со кој се обележуваат предмети од благородни метали (злато, сребро и сл.).
репутација | ж.
Углед, реноме, изградено мислење во јавноста за некого или за нешто. Добра репутација. Лоша репутација. Лажна репутација. Репутација на експерт во својата област.
рерна | ж.
Дел од шпорет во кој се пече, се приготвува печена храна (леб, месо и сл.). Загреана рерна. Рерна со воздушен систем.
реса | ж.
(бот.) Цут кај некои растенија. Врбова реса. Цутот на виновата лоза се собира во реси.
ресав | прид.
Што е со реси; Ресав шал. Ресави пердиња.