респектабилен | прид.

Достоен за почит, почитуван, ценет. Респектабилен научник. Респектабилен успех.

респективен | прид.

Што е соодветен, односен. Респективна креативна свест. Респективен план. Респективен орган.

респектира | несв.

Почитува, уважува, цени високо. Тој го респектира професорот. Тие не го респектираа противникот.

респектиран | прид.

Респектиран научник. Респектирана личност.

респиратор | м.

Апарат, направа што се става на уста и на нос за заштита на дишните органи или за овозможување на полесно дишење. Болниот е ставен под респиратор.

респираторен | прид.

(анат.) Што служи за респирација, дишни патишта. Респираторни патишта. Респираторни органи кај човекот.

респирација | ж.

Дишење, внесување воздух, вдишување и издишување.

респондент | м.

Еден вид службеник, известувач, прегледувач, информатор.

респондер | м.

Електронско помагало што овозможува да се провери знаењето на повеќе ученици во исто време.

респондира | св. и несв.

Одговара, соодветствува со нешто или со некого или едно со друго. Оваа боја на ѕидот респондира со мебелот. Нејзините сфаќања респондираат со модерниот начин на живот.