разброи | св.
Изброи по групи, по делови, со броење раздели на групи, делови, парови. Тогаш ја разброија војската на групи.
разбуди | св.
Прекине сон некому. Никој не смееше да го разбуди пред да пукне зората. Вечерта го разбуди лаежот на кучиња.
разбули | св.
разбуни | св.
разбунтува | св.
Поттикне некого на бунт, побуни. Тој ги разбунтува работниците и тие започнаа штрајк.
разбуричка | св.
Измеша, со буричкање испреврти нешто; избуричка. Со машата ја разбуричка жарта во огништето. Разбуричка насекаде, но не можеше да го најде писмото.
разбуричкан | прид.
Што е вознемирен, разбрануван, несреден. Разбуричкани мисли. Разбуричкана совест. Разбуричкано езеро.
разбута | св.
Избута, истурка. Тој ги разбута луѓето и се упати кон него.
разбутка | св.
разбушави | св.
Направи бушав. Ветрот му ја разбушави косата. Ја фрли шапката и ја разбушави со рака својата црна, густа коса.