разбранет | прид.
Глаголска придавка од разбрани.
разбрани | св.
Направи да се појават бранови, предизвика бранови. Ветрот го разбрани морето. 2 (прен.) Вознемири, возбуди. Никаков одговор нема да го разбрани. Го мачеа спомените што ги разбрани.
разбрануван | прид.
Глаголска придавка од разбранува.
разбрбори се | св.
Почне многу да брбори. Се разбрбореле пред порти и никако да престанат.
разбрее се | св.
разбременет | прид.
Што е ослободен од бреме, од товар, од обврски. Летото тој беше разбременет од секаква работа.
разбремени | св.
Ослободи некого од бреме, од товар, од обврски. Решија малку да ги разбременат од многуте обврски.
разбрза се | св.
Почне многу да брза. Што си се разбрзал толку, имаш време!
разбрка | св.
Изгони на разни страни, избрка, истера. Силното невреме ги разбрка сите. Полицијата ја разбрка толпата.
разбрмчи се | св.
Почне многу, силно да брмчи. Дојде пролет и се разбрмчија мајските бумбари.