ресторан | м.

Угостителски објект каде што се служат храна, оброци и пијалаци со послужување. Ексклузивен ресторан. Луксузен ресторан.

ресторатер | м.

Тој што се занимава со ресторанска дејност, сопственик на ресторан.

рестриктивен | прид.

Ограничен, стеснет, намален. Рестриктивна меморија. Рестриктивен буџет. Рестриктивна политика.

рестрикција | ж.

Ограничување, намалување, стеснување. Рестрикција на електрична енергија. Рестрикција на производството на млеко.

рестува | несв.

Потпржува на масло. Рестува компири. Рестува месо.

ресурс | м.

Резерви од природни богатства (суровини, руди, минерални извори и сл.), стопански извори на приходи, средства. Природни ресурси. Човечки ресурси. Ресурс од природна изворска вода.

ретардација | ж.

(мед.) Физичко или психичко заостанување, забавување, задржување во развојот. Блага ретардација.

ретардиран | прид.

За лице со посебни потреби ‒ што е забавен, заостанат во психичкиот или во физичкиот развој.

ретерира | св. и несв.

Се повлече, се повлекува, отстапи, отстапува пред некого или пред нешто; се откаже, се откажува од некоја намера.