ретина | ж.

Внатрешен дел од окото, опна, мрежичка;

реткач | м.

Ретка, проретчена шума.

ретко | прил.

реткост | м.

Нешто (обично предмети) што го има во многу мал број; Знаменитости и реткости.

ретор | м.

Добар говорник, оратор, беседник; учител по говорништво. Класични ретори. Модерен ретор.

реторика | ж.

Наука за убавото зборување, за елоквентното изразување; вештина на добро говорништво.

реторичар | м.

Тој што се занимава со реторика.

реторичен | прид.

Што се однесува на реторика. Реторично влијание. Реторични часови.