рефлекс | м.
(мед.) Моментална, автоматска реакција на организмот на надворешна дразба. Добри рефлекси. Чувствени рефлекси. Природен рефлекс.
рефлексен | прид.
Што се однесува на рефлекс. Рефлексна реакција.
рефлексивен | прид.
Што е поврзан со рефлексија и се јавува како нејзин резултат; рефлексија 2. Рефлексивна насмевка. Рефлексивен поздрав.
рефлексивност | ж.
Својство на тоа што е рефлексивно.
рефлексија | ж.
(физ.) Одраз, одблесок, одбивање светлина од рамна површина. Рефлексија од зраци.
рефлектант | м.
Тој што сака да постигне нешто, што смета дека има право на нешто. Се јавија неколку рефлектанти за овој проект.
рефлектира | св. и несв.
Стане, станува одраз на светлина, зрак. Апаратот ја рефлектира светлината. Огледалото ги рефлектира сончевите зраци.
рефлектор | м.
Одразувач, одбивач на светлина, светилка што емитува сноп светлина. Сè е поинаку под светлината на рефлекторите.
реформа | ж.
Преобразба, промена, изменување на нешто, преуредување во некоја дејност заради подобрување, усовршување. Реформи во образованието. Аграрна реформа.
реформатор | м.
Тој што спроведува или што планира, организира извесни реформи. Реформатор на образовниот систем. Реформатори на судството. Верски реформатор.