реформаторство | ср.
Дејност на реформатор. Реформаторство во религијата.
реформација | ж.
Верско и социјално‒политичко движење во западноевропските земји во XVI век против папската власт и состојбата во католичката црква, коешто довело до формирање нови христијански цркви, независни од католичката црква. Реформација иницирана од страна на црквата.
реформизам | м.
Политичко учење и дејствување за ненасилно напредување на општеството преку спроведување општествено‒политички реформи. Радикален реформизам.
реформира | св. и несв.
Спроведе, спроведува реформи, преобрази, преобразува, преуреди, преуредува, внесе, внесува промени, измени. Владата донесе програма за да го реформира задравството. Новиот закон го реформира судството.
реформист | м.
Приврзаник на реформизмот.
рефрен | м.
(лит.) Стих или група стихови што се повторуваат, обично на крајот на секоја строфа. Четвртата строфа завршува со рефрен.
рефундација | ж.
Поврат, враќање пари, обично што биле погрешно платени или натплатени при плаќање. Владата го рефундираше данокот од приходот од влезниците.
рефундира | св. и несв.
Изврши, врши рефундација, поврат, надомести, надоместува, врати, враќа пари. Тие ги рефундираа средствата.
рефус | м.
Стока (прехранбени производи) што претставува отпадок при производството, но што може да се користи. Рефусот од производството го пакуваа во големи картонски кутии. Многу малку останува рефус.
рехабилитација | ж.
Повторно воспоставување углед, добар глас, чест, репутација. Морална рехабилитација. Рехабилитација на добриот глас.