рехабилитира | св. и несв.
Изврши, врши рехабилитација на некого или на нешто. Со помош на Законот за денационализација таа го рехабилитира одземениот имот. Најновите научни истражувања ја рехабилитираа неговата дејност.
рецензент | м.
Автор на рецензија; оценувач, критичар на уметничко дело, тој што пишува рецензија за нешто. Театарски рецензент. Рецензентите напишаа позитивна рецензија.
рецензентски | прид.
Што се однесува, што припаѓа на рецензент и на рецензија. Рецензентска комисија. Рецензентски извештај.
рецензира | св. и несв.
Напише, пишува рецензија за нешто; оцени, оценува; даде, дава приказ, мислење, информација, извештај за нешто или за некого. Одборот позитивно ја рецензира статијата. Тој ја рецензира книгата.
рецензија | ж.
Писмен приказ, оцена на уметничко, научно дело, за определена дејност на некоја личност и сл. Позитивна рецензија. Долга рецензија. Негативна рецензија.
рецепис | м.
Писмена потврда, расписка со која се докажува сопственост или дека нешто е предадено некому или испратено преку пошта.
рецепт | м.
Писмено упатство од лекар за издавање, подготвување лек во аптека и за негово користење. Матичната докторка му напиша рецепти за два месеца. Лекот треба да се користи според рецептот 2. Упатство за изработка и за постапка при изработка на некоја смеса, храна, пијалак и сл. Рецепти за готвење. Рецепт за торта. Рецепт за слатко од смокви. Рецепти за маски за лице.
рецепта | ж.
рецептивен | прид.
Што е способен за приемање, за сфаќање, за прифаќање; што е способен за рецепција. Рецептивен дел од окото. Рецептивни слушатели. Рецептивни нервни влакна.
рецептор | м.
Собирач на данок, долг и сл. Општински рецептори.