'ржан | прид.
Што е од 'рж, што се однесува на 'рж. 'Ржано брашно. 'Ржан леб. 'Ржана слама.
'ржаник | м.
Леб направен од 'ржано брашно. Два големи 'ржаници.
'ржаница | ж.
Снопје, слама од 'рж, што се користи за постела, врзување, заштита, покрив. Стеблото се витка со 'ржаница или со хартија. Покрив од 'ржаница.
'ржаничник | м.
'ржанов | прид.
'ржен | прид.
'Ржена погача. 'Ржено брашно.
'рженик | м.
'рженица | ж.
'ржи | несв.
Испушта специфичен глас, реве. Кучето постојано 'ржеше. Коњите 'ржеа.
'ржиште | ср.
Нива посеана со 'рж. 'Ржиштето добро роди оваа година.