реши | св.

Обмисли, донесе решение откако размисли како да постапи; одлучи, избере решение. Тој реши да отпатува во Америка. Таа реши да се мажи. Тие решија да се преселат.

решителен | прид.

Што е непоколеблив, одлучен, решен, храбар, цврст во намерите (во решенијата) да изврши некое дејство. Решително момче. Решителна екипа.

решка 2 | ж.

Дел од метална пара (монета) каде што е прикажана вредноста (петка, писмо).

решлив | прид.

Тој што може да се реши, разрешлив. Решливи проблеми.

решме | ср.

Украсна, сребрена низа, синџирче од скапоцени парички нашиени на подвески; женски сребрен накит. Убаво решме на вратот. Неколку решмиња имаше невестата.

решо | ср.

Апарат на електрична струја или на гас за подготвување храна (за варење, за готвење). Кафето го вари на решо

Рејкјавик | м.

Главен град на Исланд.

рејтинг | м.

Вредност врз основа на постигнат успех; системски поставена позиција како резултат на јавно мислење преку оценување на личност, организација, здружение, дејност и сл. Рејтинзите на партиите се менуваат постојано. Личност со многу висок рејтинг. Добар рејтинг.

'рж | ж.

(бот.) Житно растение, житарка со цврсто високо стебло; Secale cereale. 'Ржјето пораснале. Посеа една нива 'рж.