'ржлив | прид.
Што е со специфичен глас, груб и придушен, што прилега на 'ржење. Одговори со 'ржлив глас. 'Ржлив кучешки глас.
'ржне | св.
'Ржи малку, еднократно. Коњот само ќе 'ржне и ќе се смири.
'ржобија | ж.
Специјална прачка со која се чука 'ржта. Имаше неколку 'ржобии со кои ја чукавме 'ржта.
'ржовит | прид.
Што содржи 'рж. 'Ржовито брашно.
'рз | чест.
Образ. Не му остана 'рз.
'рзак | м.
За коњ ‒ здрав, силен, бесен, нескротлив.
'рзлија | прид.
Чесен човек.
'рзне | св.
Удри, тропне; испушти остар ненадеен звук. 'Рзнаа тапани, спиштеа зурли. Силно 'рзна и почна да врне.
риба | ж.
(зоол.) 'Рбетник што живее во вода, дише на жабри и се движи со перки. Свежа риба. Пржена риба. Дневен улов на риба. Лови риба. Морска риба. Речна риба.
риба | несв.
Чисти нешто со четка, силно трие. Го риба подот во кујната.