рибин | прид.

Што се однесува на риба, што припаѓа на риба, што е приготвен од риба. Рибино масло. Рибина чорба.

рибиште | ср.

Аугументатив од риба.

рибник | м.

Место за одгледување риба. Рибник за мрест на пастрмки. Рибник јагулник. Производство на риба во рибници.

рибовиден | прид.

Што има изглед на риба. Рибовиден гуштер.

рибокрадец | м.

Лице што краде риби. Рибокрадците фрлиле динамит во реката.

риболик | прид.

риболовен | прид.

Што се однесува на риболов. Риболовна сезона.