риболовец | м.

Човек што лови риба како спорт, за рекреација. Спортски риболовец.

риболовство | ср.

Ловење риба како професија.

рибон | м.

Лента за машина за пишување или за сметање; лента за компјутерски печатач.

рибји | прид.

ривал | м.

Соперник, конкурент, противник. Тие отсекогаш биле ривали за првото место. Тој му беше ривал за тоа работно место. Вечни ривали.

ривалитет | м.

Конкуренција, соперништво; Локален ривалитет меѓу некои населени подрачја. Ривалитетот во училиштето треба да се напушти.

ривалство | ср.

Однос на соперништво, на конкуренција. Избувнувале ривалства меѓу четите. Економско ривалство. Ривалство меѓу снаата и золвата.

ривиера | зам.

Тесен појас покрај брегот на морето погоден за тури

рига | несв.

Исфрла гасови од желудникот; ждрига.