Рига | ж.
Главен град на Летонија.
рига | ж.
Линија, црта, обично на облека како дезен. Кошула на риги.
ригест | прид.
Што е со риги. Ригести панталони. Ригест фустан.
ригиден | прид.
Што е крут, здрвен, вкочанет.
ригорозен | прид.
Претерано строг, крут, бескомпромисен. Ригорозни мерки. Ригорозен човек.
рид | м.
Возвишение на земјата, височина, брдо. Пошумен рид. Се искачивме горе по ридот, дури до врвот. Слегува од ридот да ги пречека. Зад ридот на исток се појави сонцето.
рида | несв.
Плаче. Почна да рида како дете.
риден | прид.
Што се однесува на рид. Ридно место. Пошумена ридна месност.
рие | несв.
За животно (крт, свиња и сл.) ‒ копа отвор во земјата со муцката или со нозете. Кртот риеше по ливадата и наместа оставаше дупки. Со чурилката свињата ја риеше земјата околу дабовото дрво. Дивиот вепар риеше по земјиштето околу изворот.
Риека | ж.
Град на Истра, Хрватска.