рилач | м.

Човек што рила. Изнајми двајца рилачи за лозјето.

рилест | прид.

За некои животни ‒ што има рилка.

рилка | ж.

Муцка, особено кај свиња. Свињата рие со рилката.

рилкар | и.

Животни со издадена рилка.

рило | ср.

Рим | м.

Главен град на Италија.

рима | ж.

Во поезијата ‒ гласовно поклопување на крајните слогови во два или повеќе стихови во една поетска творба. Стихови без рима.

римува | св. и несв.

Избере, избира зборови за добивање рима, сложи, сложува стихови по рима.

римуван | прид.

Што има рима, што е со рима. Римувани стихови. Римуван текст.

ринг | м.

Ограден простор за натпревари во бокс и во борење. Тој е победник во рингот.