рингишпил | м.

Направа во забавен парк со седишта што се вртат;

рингла | ж.

Метална плоча на шпорет што се загрева и на која се готви. Шпорет со четири рингли. Го стави ѓезвето на ринглата да свари кафе.

рине | несв.

Отстранува, чисти со лопата или со механизација снег, ѓубре и сл. Тој го ринеше со лопата снегот од патеката. Тој го ринеше ѓубрето од дворот и го товареше во приколката.

ринка | несв.

Чепка, буричка, рие со рило. Свињите ринкаат во дворот.

ринолог | м.

Специјалист за ринологија.

ринологија | ж.

Наука за проучување и лекување на болестите на носот.

ринопластика | ж.

Пластична операција на носот.

ринта | несв.

Работи тешко, работи премногу, работи нешто што многу исцрпува. По цел ден ринта.

Рио Гранде | ср.

Река во Северна Америка, на границата меѓу САД и Мексико.

Рио де Жанеиро | ср.

Град во Бразил.