ризото | ср.
Вид јадење од ориз и зеленчук.
рик 1 | м.
Силен, продорен вик, глас на некои животни (лав, говедо и др.). Рикот на лавовите одекнуваше во саваната.
рик 2 | м.
Песок од оловна руда што се употребувала за сушење на свежо испишан текст. Нанесе рик на писмото.
рика | несв.
За животно ‒ испушта специфичен глас, рикање. Во ливадата рикаше магарето. Во циркусот одвреме-навреме рикаше лавот.
рикавица | ж.
Голема, магарешка кашлица.
рикне | св.
За животно ‒ се огласи со рик. Во долот рикна магаре.
рикордер | м.
Апарат што снима телевизиски програми или репродуцира видеокасети, цедеа на екранот на телевизор; магнетоскоп.
рикша | ж.
Лесна двоколка за пренесување патници и багаж што ја влече човек (во земјите на Јужна и Источна Азија). Изнајми рикша. Прошетавме со рикша.
Рила | ж.
Планина во Бугарија.
рила | несв.
Обично за лозје ‒ копа длабоко. Утре ќе го риламе лозјето. Пред да ја садиме бавчата, ја риламе.