рипа | несв.
Прави скок; се движи со скокање. Тој рипаше од скокалницата во водата. Надвор децата играа, рипаа и врескаа.
рипач | м.
Лице што рипа, што е добар во рипање; скокач.
рипачка | ж.
рипида | ж.
Тркалезна икона прицврстена на подолг стап, со слика на серафим што ја носат ѓачиња при црковни свечености, осветување цркви и литии, симболично ја претставува војската на серафимите што го окружуваат олтарот.
рипка | несв.
Скока по малку, подрипнува. Девојчето рипкаше покрај мајка си.
рипка | ж.
рипне | св.
Направи скок. Момчето рипна преку прозорецот и влезе во собата. Тој рипна преку подѕидокот и се најде во нечиј двор. Срната рипна преку потокот и се изгуби меѓу дрвјата.
рипс | м.
Ткаенина, вид штоф со вткаени линии. Фустан од рипс.
рипсен | прид.
Што е од рипс. Рипсен комлет.
рипче | ср.