рицинов | прид.
рицинус | м.
(бот.) Маслодајно растение со високо стебло и големи расечени листови со назабени рабови, со плод од кој се добива масло; протока; Ricinus communis.
рицинусов | прид.
Што се однесува на рицинус, што е од рицинус. Рицинусово масло.
ричка | ж.
Ријад | м.
Главен град на Саудиска Арабија.
риџа | ж.
Молба. Голема риџа ти чиниме. Никаква риџа не прифаќаше.
риџаџија | м.
Молител. Пратиле риџаџии кај царот.
'рка | несв.
При спиење издава рапав глас. Кога спиеше, тој многу силно 'ркаше.
'ркавица | ж.
Рапав звук што се слуша при 'ркање.
'ркач | м.
Лице што 'рка.