'ркне | св.
При спиење издаде рапав глас. Еднаш 'ркна и го снема.
'ркулец | м.
'рмба | несв.
Многу напорно и тешко работи. Цел ден 'рмба. Едни седат, други 'рмбаат.
'рмбач | м.
Тој што 'рмба, работник што работи тешки физички работи.
'рмпалија | м.
Физички многу развиен човек, крупен и силен. Во кафеаната влегоа двајца 'рмпалии.
'рнка | ж.
Ноздра. 'Рнките му затреперија.
роб | ср.
(истор.) Неслободен човек, припадник на експлоатираната класа во робовладетелското општество ‒ човек кој е лишен од средствата за производство и кој се јавува како сопственост на својот господар. Робови станувале воени заробеници, граѓани од освоените земји и презадолжени граѓани. Востание на робовите. Три синџири робје. Пазариште на робови.
роба | ж.
Вид горна домашна облека, обично женска. Во домашна свилена роба седеше пред телевизорот.
роби | св. и несв.
Земе, зема во ропство, направи, прави некого роб. Ќе нè роби непријателот. Ги робат побунетите и ги праќаат на робија.
робина | ж.
Жена роб. Покрај слободните жени, тука живееле и робинки. Робинки поли крепеле