робија | ж.
Најтешка казна, лишување од слобода обично придружено со тешка физичка работа; ропство, робување. Доживотна робија. Го пратија на робија на островите. Одлежа три години робија.
робијаш | м.
Тој што е осуден на издржување казна робија. Робијашите се побуниле во затворот. Како робијаш кршеше камен.
робијашки | прид.
Што се однесува на робијаш. Робијашки живот. Робијашка облека.
робијашница | ж.
Место (затвор, логор) каде што се издржува робија. Тешки беа зимските ноќи во робијашницата.
робовладетел | м.
Во робовладетелското општество ‒ припадник на владејачката класа, сопственик на робови.
робовладетелство | ср.
Општествен систем заснован врз ропство.
роболов | м.
Лов на риби. Спортскорекреативен риболов. Морски/речен риболов. Зимски риболов. Оди на риболов.
робот | м.
Автомат со изглед на човек што исполнува сложени операции, командуван од вештачка интелигенција, човек машина.
роботизација | ж.
Автоматизирање на производниот процес целосно или само на одделни фази со примена на роботи.
роботика | ж.
Научна дисциплина што ја проучува примената на роботите во производството, во стопанството и во други дејности.