робува | несв.
Издржува казна робија. Тој робуваше многу години во Анадолија. Војводата робуваше со години во фашистичките затвори.
робувачка | ж.
Робување, ропство.
робустен | прид.
Што е силен, здрав, цврст, грубо граден. Подмладокот е здрав, робустен, отпорен на заболувања. Робусно црномуресто момче.
ров | м.
Длабок и тесен ископ во земја. Околу куќата ископаа два рова по кој тече водата од дождот. Планинарите пробиваа ровови во снегот. Водата направила ров покрај патот.
ровари | несв.
Скришно, тајно работи против некого или против нешто, предизвикувајќи раздор, кавга, немир, неслога. Роварат против власта, ги поткупуваат малодушните да прават штрајкови.
рови | несв.
Копа земја правејќи бразди, ровови. Со машини ја роват земјата.
ровина | ж.
Ров направен од поројница, дол.
ровит | прид.
ровкав | прид.
ровок | прид.
Што не е цврст, што е мек, што се рони. Ровка земја. Ровки леи.