рога | несв.

Удира, бие, шиба, 'рга. Ја рога топката многу силно. Ветерот силно го рога в грб.

роган | м.

Лакирана кожа. Чевли од роган.

роганлија | прид.

Што е од роган, од лакирана кожа. Чевли роганлии.

рогат | прид.

Што е со рогови, што има рогови. Рогат добиток. Рогат прч. Рогат овен.

рогач | м.

Вид грав.

рогачка | ж.

Дрво и плод од него во вид на рог, со сладок вкус; Ceratonia siliqua.

рогле | ср.

Животно со рогови.

рогне | св.

Удри силно, шибне. Ја рогна топката многу силно. Болката го рогна над дијафрагмата.

рогов | прид.