ровокопач | м.
Машина што копа ровови.
ровче | ср.
ровја | ж.
Гром, секавица, молња; рофја. Се чу далечен татнеж на ровја. Трештила ровја во дабот на ритчето. Ровји трескотеа некаде близу.
рог | м.
а) Тврд, шилест израсток на главата на некои животни цицачи. Овен со извиени рогови. Бик со еден скршен рог. Елен со големи рогови. б) Трофеј од убиено животно со такви рогови. На ѕидот висеа еленски рогови. в) Таков или сличен израсток кај некои митолошки суштества или суштества од фолклорот. Еднорог коњ. Ѓаволот го сликаат со рогови.
рога | несв.
Удира, бие, шиба, 'рга. Ја рога топката многу силно. Ветерот силно го рога в грб.
рога | ж.
Само во изразот баба рога ‒ вештерка со која се плашат децата. Приказни за баба роги.
роган | м.
Лакирана кожа. Чевли од роган.
роганлија | прид.
Што е од роган, од лакирана кожа. Чевли роганлии.
рогат | прид.
Што е со рогови, што има рогови. Рогат добиток. Рогат прч. Рогат овен.
рогач | м.
Вид грав.