рогозина | ж.

Груба постилка исплетена од рогоз. Спијат на рогозина. Плетат рогозини и ги продаваат.

рогозинар | м.

Човек што плете и продава рогозини.

рогоносец | м.

Човек кому жената му е неверна. Го направила мажа си рогоносец.

рогуша | ж.

Овца со рогови

рогуши се | несв.

Се лути, се прави силен. За ништо, ете го кај се рогуши.

род | м.

(истор.) Општествена група во првобитното општество, составена од роднини кои потекнуваат од ист, заеднички предок. Родот е основна клетка во првобитното општество.

Род Ајленд | м.

Сојузна држава во САД.

рода | ж.

Род, роднини, луѓе блиски по род; Тие се моја рода. Ние сме блиска рода.

родан | м.

Направа за предење. Цел ден над роданот предеше.