родител | м.

а) Татко. Тој е добар родител. б) Мајка. Таа е мојот биолошки родител.

родителски | прид.

Што се однесува на родител, што им припаѓа на родителите. Родителски состанок. Родителска нежност. Родителски грижи. Родителски дом. Родителска куќа.

родителство | ср.

Чувство на родителот спрема детето. Родителството им прилегаше на двајцата.

родиум | м.

Метал со сребреникаво‒бела боја од групата на платините.

родлив | прид.

Што дава род; плодороден. Родливо дрво.

роднина | ж.

Лице што се наоѓа во крвно сродство со некого. Ние со него сме блиски роднини.

роднински | прид.

Што се однесува на роднина, што е заснован врз роднинство. Роднински односи. Роднинска поврзаност. Роднинските врски треба да се негуваат.

роднинство | ср.

Сродство, роднински односи; роднини. Го обновивме роднинството со нив.

родница 1 | ж.

Земја што дава добар род; родна земја. Земја родница.

родница 2 | ж.

Надворешен дел од женскиот полов орган.