родност | ж.

Особина на тоа што дава род, плодност. Родноста кај грозјето оваа година е задоволителна. Родноста на пченицата ги надмина очекувањата.

родов | прид.

родовит | прид.

Што дава многу род; родлив.

родовница | ж.

Матична служба, книга во која се води евиденција за потеклото и за селекцијата на животните.

родовски | прид.

Што се однесува на род. Родовска припадност. Родовски старешина. Родовско уредување. Родовска традиција.

рододендрон | м.

Вид украсна билка; Rhododendron.

родоначалник | м.

Предок од кој го води своето потекло некој род; животно од кое произлегол некој животински вид. Тој станал родоначалник на фамилијата Кузмановци. Домашните говеда водат потекло од два родоначалници.

родоостапник | м.

Човек што ги изневерува својата татковина и својот народ; предавник. Смрт на родоотстапниците.

Родопи | и.

Планински масив во Европа.