Родезија | ж.
Поранешно име на Зимбабве, Африка.
роден 1 | прид.
Глаголска придавка од роди (се). Тој е роден на туѓина. Дете родено на нива.
роден 2 | прид.
Што дава многу род; плодороден. Родни ниви. Родно поле. Родна година. Родно дрво.
роденден | м.
Ден кога е некој роден. На првиот роденден. Подарок за роденденот. Среќен роденден!
родео | ср.
Натпреварување во каубојски вештини.
роди | св.
а) За жена ‒ донесе на свет дете. Таа роди син. Таа роди близнаци. б) За некои животни (ретко, кога нема соодветен збор) донесе на свет младо. Лавицата родила две лавчиња.
родилен | прид.
Што се однесува на раѓање. Родилни болки. Родилни маки. Родилна треска. Родилен дом.
родилиште | ср.
родилка | ж.
Жена што родила скоро или која тукушто раѓа. Младата родилка се чувствува добро. На родилките им ги донесоа бебиња да ги дојат.
родина | ж.
Татковина, земја каде што се родил некој. Мојата родина да биде напредна земја.