родство | ср.

Роднински односи и врски; роднинство, сродство.

родум | прил.

По раѓање, по родното место. Тој беше родум од нашиот град.

рожба | ж.

(хип.) Дете, чедо во однос на родителите. Секоја жена копнее по својата рожба. Имаа две рожби. Таа се моли за рожба. Машка рожба.

рожбен | прид.

Што се однесува на рожба. Се родило дете на смрзната земја, / без рожбена песна се родило чедо!

рождество | ср.

Раѓање ‒ обично во изразот Рождество Христово.

рожен | прид.

Што е направен од рог. Рожен чешел. Рожни украси. Очила со рожни рамки.

рожиште | ср.

Аугументатив од рог.

рожница | ж.

Надворешна прозрачна ципа на окото.

розариум | м.

Градина со рози. Пред куќата имаше розариум со десетици сорти рози.