родосквернавење | ср.
Повреда на чистотата на семејните односи, полов однос со крвен сродник.
родослов | м.
родословен | прид.
Што се однесува на родословие и родословје. Родословно дрво/стебло.
родословие | ср.
Историја на родот, на фамилијата, потекло, генеалогија; родослов, родопис. Тој зборува за своето родословие неколку колена наназад
родољуб | м.
Човек што ја сака својата татковина, што му е предан на својот народ; патриот.
родољубен | прид.
родољубец | м.
родољубив | прид.
Што ги сака својата татковина и својот народ. Родољубиви младинци. Родољубиво семејство. Родољубив поет.
родољубие | ср.
Љубов кон татковината и кон својот народ; патриотизам. Неговото родољубие е посилно од гладот и од бедата
родствен | прид.
Што се однесува на родство; роднински, сроден.