розга | несв.
За течност ‒ силно тече. Од земјата розгаше вода. Од раната розга крв.
розе | прид.
розев | прид.
розета | ж.
Уметнички украс, орнамент во вид на цвет на ружа со стилизирани листови. На таванот имаше голема розета.
розетка | ж.
розикав | прид.
Што е малку розов. Пастрмката има розикаво месо. Розикави облачиња.
розов | прид.
Што е со боја на роза (бледоцрвен, румен, руменикав); Розов фустан. Розова постелнина. Розово лице. Розови вина. Розова пена му изби на устата.
рои се | несв.
За пчели и некои други инсекти ‒ создава нов рој, ново пчелно семејство, се размножува. Пчелите се ројат.
рок 1 | м.
Ограничено, утврдено долго или пократко време, период во кој треба нешто да биде завршено, да се направи, да се изврши и сл. Рок за исплата на долгот. Тече рокот за извршување на казната. Течат роковите за пријавување проекти.
рок 2 | м.
Модерен брз танц, главно за млади, што овозможува слободно движење на танчарите