рокада | ж.

Во шахот ‒ истовремено преместување на кралот и топот на определени полиња по утврдени правила. Шахистот направи рокада. Мала рокада. Голема рокада.

рокаден | прид.

Што се однесува на рокада. Рокаден напад.

рокер | м.

Тој што свири или танцува рок, рокенрол.

рокерски | прид.

Што се однесува на рок‒музика и на рокери.

рокира | св. и несв.

Во шахот ‒ направи, прави рокада. Шахистот рокира и тргнува во напад.

роковен | прид.

Што се однесува на рок1.

роковник | м.

Бележник, тетратка со датуми што служи како потсетник за работи поврзани со рок.

рококо | ср.

Уметнички стил во 18 век што се одликува со раскошни облици и орнаменти. Во рококо стил. Порцелански рококо фигурини.

рокче | ср.

Дем. од рог.

ролат | м.

Вид слатки од свиткано печено тесто со фил. Ролат со мармалад.