ролери | и.

Специјални чевли со тркалца. Децата возеа ролери.

ролетна | ж.

Заштитна завеса од низа споени дрвени, пластични или метални елементи, од платно и др. што може да се намотува наменета за прозорци, за врати, за излози и сл. Дрвени ролетни. Ролетните беа спуштени на прозорците. Сонцето пробиваше низ спуштените ролетни.

ролја | ж.

Лик што се остварува во сценско дело (театарско, филмско, оперско, балетско); улога. Тој игра епизодни ролји. Таа ја игра главната ролја во новиот телевизиски серијал.

ролка | ж.

Маица, блуза со рол‒крагна. Под сакото носеше црвена ролка.

рол-крагна | ж.

Висока и мека јака што досега високо на вратот, пресвиткана еднаш или повеќе пати.

ролна | ж.

Свиток, завиена хартија, фолија и сл., во форма на труба. Ролна хартија.

ролшуа | ж.

Вид обувки со тркалца за возење по рамни, мазни површини.

ром | прид.

ром | м.

Обично во изразот: ром‒ракија;

Ром | м.

Припадник на етничка група од азиско потекло, населена низ Европа и светот.