розикав | прид.
Што е малку розов. Пастрмката има розикаво месо. Розикави облачиња.
розов | прид.
Што е со боја на роза (бледоцрвен, румен, руменикав); Розов фустан. Розова постелнина. Розово лице. Розови вина. Розова пена му изби на устата.
рои се | несв.
За пчели и некои други инсекти ‒ создава нов рој, ново пчелно семејство, се размножува. Пчелите се ројат.
рој | м.
Семејство на пчели или на други слични инсекти што се изведени од една матица во иста кошница и што прават одделна заедница. Ројот пчели застана на дрвото. Прифаќањето на ројот се врши уште додека лета или кога ќе застане на некое дрво.
ројак | м.
Млад рој пчели.
ројализам | м.
Приврзаност кон крал и кралска власт како облик на владеење.
ројалист | м.
Приврзаник на кралска власт.
ројалистички | прид.
Што се однесува на ројализам и на ројалист.
рок 1 | м.
Ограничено, утврдено долго или пократко време, период во кој треба нешто да биде завршено, да се направи, да се изврши и сл. Рок за исплата на долгот. Тече рокот за извршување на казната. Течат роковите за пријавување проекти.
рок 2 | м.
Модерен брз танц, главно за млади, што овозможува слободно движење на танчарите